[ВИДЕО] Без мајонез, лесни, кремасти и готови за 15-на минути: Рецепт за солени рафаело топчиња кои се неодоливи

Точка

08/12/2025

15:32

361

Големина на фонт

а а а

Еднаш кога ќе ги пробате ќе заборавите на сите други затоа што нивниот вкус е како сон.

Славската трпеза често е богата, на неа се наоѓаат најубавите намирници и специјалитети кои се превкусни. Токму затоа доаѓа до тешкотии при варењето на намирниците, а лошиот спој на состојки прави да ни биде тешко.

Доколку и вие сакате повеќе да јадете нешто што ќе ве освежи тогаш овие топчиња се совршен избор за вас.

Состојки:

- Пилешко филе;
- 2 јајца;
- 200 грама тврдо сирење;
- 1 чешне лук;
- зачини по вкус;
- 4 лажици грчки јогурт.

За варење на филето:

- 1 литар вода;
- 2-3 ловорови листа;
- прстофат сол;
- бибер во зрно.

Подготовка:

Месото сварете го во солената вода, па кога ќе биде готово процедете го и додадете ловоров лист и бибер во зрно. Кога ќе се свари извадете го и оставете да се излади, па измелете го (може и во блендер).

Изрендајте го сирењето на ситно, додадете ги зачините, изрендајте го лукот и добро измешајте. Во друг сад ставете ги изренданите варени јајца и пилешкото месо. Додадете 2-3 лажици од мешавината со сирење.

Потоа додадете го грчкиот јогурт и мешајте додека не се соедини.

Направете топчиња од смесата, па извалкајте ги во мешавината од сирење и зачини.

На здравјe!