(Фото) „Ѕирнете“ во внатрешноста на парискиот апартман со поглед кон Ајфеловата кула во кој уживаше и Кери Бредшо

Точка

31/03/2023

19:03

34.487

Големина на фонт

а а а

Серијата „Sex and the City“ стана култна поради актерската постава, приказната, модните комбинации и прекрасните локации. Иако Њујорк е во прв план, градот во кој Кери Бредшо одлучува да се пресели поради љубовта е Париз.

Приказната на последните две епизоди од популарната серија во поголемиот дел се одвива токму во Париз, каде Бредшо се сели поради Русинот Александар Петровски.

Иако ни тој ни Париз на крајот не се нејзината голема љубов, во сеќавање нѝ остана хотелот во кој Кери отседна.

Станува збор за еден од најромантичните париски хотели со 5 ѕвезди – „Plaza Athenee“, а апартманот со кој Кери го замени својот њујоршки стан носи соодветен назив – „Eiffel Suites“. Всушност се работи за повеќе апартмани со тоа име, а цената им се движи од 12.000 евра по ноќевање.


Секој од овие апартмани има батлер, една луксузна спална соба и една бања која е цела во мермер. Гостите сами можат да изберат каква постелнина сакаат, а дозволени се и домашни миленици. Свежото цвеќе и овошје им се на располагање секој ден, како и мини-бар.


Исто така, апартманите се со различни големини и дизајни, па гостите можат да го одберат оној кој најмногу им се допаѓа. Тие се уредени во „арт деко“ стил или многу класично, со свила, кадифе и ретки дрвени материјали.

Освен големиот луксуз и шампањот за добредојде, во цената е вклучен и прекрасниот поглед кон Ајфеловата кула.





Спонзорирани линкови

Маркетинг