(Видео) Заврши најбизарното судење – актерката ќе добие само 1 долар, му пријде на човекот кој ќе ѝ ја уништеше кариерата, па еве што му шепна

Кармин

31/03/2023

11:05

16.931

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Гвинет Палтроу ослободена е од обвинението дека е виновна за тешка несреќа на скијање на планината Флагстаф во Јута во февруари 2016 година, одлучила поротата во парк Сити.

Исто така заврши и еден од најбизарните судски процеси во Америка кои веќе со денови се следи.


Да ве потсетиме, пензионираниот оптичар Тери Сандерсон ја обвини американската актерка Гвинет Палтроу за бегство откако го удрила додека скијал. Вели дека поради судирот тој се здобил со трајно оштетување на мозокот и дека пoради здравствениот проблем се одвои од семејството.

Прво барал отштета поголема од три милиони долари, но подоцна го намалил „апетитот“ и побарал „само“ 300.000 долари. Меѓутоа, не само што сега нема да добие ниту цент, туку ќе мора да ги плати трошоците за судењето.


Судот наредил да се исплати и самата Гвинет Палтроу која поради судењето претрпела „економска штета“. Меѓутоа, актерката се смилувала и побарала само надомест од еден долар, што судот го одобрил.

„За себе сакам само еден долар, а нека се исплатат адвокатите“, изјавила Палтроу.

Актерката исто така му се приближила на Сандерсон и му шепнала: „Ти посакувам сè најдобро“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk