Џулија Робертс со децении ѝ беше верна на една фризура, а сега направи драстична промена во имиџот - погледнете како изгледа

Кармин

30/03/2023

17:11

6.872

Големина на фонт

а а а

Кога Џулија Робертс претходно оваа година ѝ се врати на својата препознатлива бакарна нијанса на коса од 90-те години, беше јасно кој тренд треба да се следи.

Но, актерката сега изненади со појавувањето на еден настан во Женева, со рамно потстрижени шишки.

Навикнавме веќе со години да ја гледаме со патецот на средина и косата извиткана во нежни локни, а и сега не било поинаку, освен фактот дека шишките уште повеќе ѝ ги истакнуваат убавите црти и раскошната насмевка.

Шишките во последно време се сè попопуларни, а „тенките“ шишки се совршен избор бидејќи прилегаат на секој облик на лице и должина на коса.

Секако, доколку сте за ваква промена на стилот, посетете професионалец бидејќи на лошо потстрижените шишки им „нема спас“. Исто така, консултирајте се со вашиот фризер кој тип на шишки би ви одговарал најдобро според формата на лицето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk