Бабина бела чорба: Идеална за студените денови!

Кармин

15/11/2022

17:00

7.743

Големина на фонт

а а а

Ништо не може да го замени вкусот на домашна пилешка чорба која ја сервирате пред неделниот ручек.

Рецептот за чорба каква што правеа нашите баби ви го носиме во продолжение.


Состојки:

- 1,5 л. вода;
- 1 парче пилешко бело месо;
- 1 главица кромид;
- свеж магдонос;
- 2 лажици брашно;
- сол, бибер.


Подготовка:

Најпрвин месото и зеленчукот исечкајте ги. Исчистете го кромидот и цел ставете го со месото и зеленчукот да се динста во 1,5 литри вода. Кога зеленчукот ќе биде целосно сварен, извадете го кромидот.

Потоа додадете уште малку вода. Во помала чинија истурете една црпалка од супата, а кога ќе се излади додадете две лажици брашно. Полека истурајте ја смесата во тенџерето и оставете уште малку да проврие.

На крајот додадете зачини по желба.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk