За сите оние со недостаток на простор во домот: 12 фотографии од мали кујни на кои баш ништо не им недостасува

Кармин

30/09/2022

16:49

7.154

Големина на фонт

а а а

Сите ние имаме по некоја желба, идеја, соништа кога станува збор за уредување на ентериерот, меѓутоа често нè спречуваат квадратните метри, односно нивниот недостаток.

Сепак, помал број на квадратни метри не значи дека просторот не може да изгледа добро. Тоа вреди за сите простории, па така и за кујната.

Без оглед на недостатокот на квадратни метри, кујните можат да изгледаат како ништо да не им недостасува. Важно е само паметно да го искористите секој сантиметар којшто го имате на располагање.

Доколку пред вас имате уредување на мала кујна, внимавајте на овие работи.

1. Искористете го просторот

Во малите кујни обидете се да искористите што поголема површина од ѕидот, но и подот. На тој начин ќе добиете дополнителен простор за движење.


2. Кујна по мерка

Доколку сте во можност, изработете си кујна по мерка. На тој начин максимално ќе го искористите просторот и секое негово слободно ќоше затоа што кујната ќе биде во целост приспособена на просторот со кој располагате.

3. Располагајте со светлина, додадете и огледало

Добро осветлената кујна ќе биде пофункционална и поубава, а огледалото може да помогне во создавање впечаток дека просторот е поголем во суштина.


4. Добро размислете за организацијата

Со оглед на тоа што имате недостаток на метри квадратни, добро размислете каде што ќе биде сместено за просторот да биде максимално искористен. Тука мислиме на орманчињата и фрижидерот. Некои работи кои не ги користите често не мора да бидат во кујната.

5. Не заборавајте да додадете дел од себе

Недостатокот на метри квадратни значи дека сè мора да биде на свое место, но немојте да заборавите во кујната да додадете и дел од себе и да ја направите потопла и препознатлива просторија во вашиот дом.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk