Поради нивниот инцест се распаднало семејството: Славната актерка имала љубовник роднина на кој му родила син

Кармин

22/08/2022

18:27

10.031

Големина на фонт

а а а

Кога актерката Грета Скаки почнала да излегува со свој близок роднина, тоа предизвикало раздор во нејзиното семејство поради тоа што нејзиниот татко Италијанец бил скршен што неговата ќерка стапила во врска со синот од неговата сестра...

Но, и покрај тоа, таа сепак на крај завршила со Карло Мантега, а во 1997 година дури добиле и дете – Матео.

Статусот на нивната врска долго бил чуван во тајност, прво поради ѕвездата која никогаш не разговарала за својот личен живот и која е позната како некој кој ја штити својата приватност.

„Мојот татко беше длабоко повреден и прилично уништен. Беше многу лут“, раскажала Грета во едно интервју кое го дала кога станува збор за нивниот однос, признавајќи дека и таа сама била ужасната од емоциите кои ги почувствувала кон Карл којшто три години е постар од неа.


„Тоа едноставно се случи една ноќ кога дојде кај мене и беше тоа целосен шок. Бевме долго пријатели пред да се случи тоа и претходно не сум го гледала на тој начин. Дефинитивно бев ужасната поради тоа и се грижев како тоа да им го соопштам на луѓето, прво на семејството.

Некои од роднините од италијанската страна беа многу огорчени. На мојот татко му беше особено тешко затоа што Карло беше негов омилен внук. Беа блиски пријатели, а долго после ова не зборуваа. Католички ориентираните весници толку пишуваа кога се дозна за нашата врска.

Бев исплашена, мислев дека можеби ќе морам да го абортирам нашето бебе. Имав чувство дека е крај на светот. Јас барав некој кој ќе ме сака, поддржува и ќе биде тука за мене и за децата. Карло беше карпа, некој кој дава и кој се грижи за мене. Тој апсолутно знае кога нешто е приоритет и многу работи за нашето семејство. Тој беше првата личност во болница откако се роди Лејла, моето прво дете, и нејзин кум. Тој беше мојот најдобар пријател и тој стана мој љубовник“, изјавила Скаки.


„Тој беше моја утеха, моја карпа и човек на кој му се обраќав кога се чувствував очајно“, додала таа за странските медиуми во една прилика.

Всушност, неодамна било сугерирано дека тие сè уште се заедно, па дури и дека се во брак.

Меѓутоа, „Daily Mail“ открива дека актерката и човекот кој го нарекувала „карпа“ всушност се разишле пред една деценија.

„Се разведоа пред 12 години“, изјавил нејзин претставник за „Daily Mail“ и извор близок до ѕвездата.


„Едноставно се разделија како што паровите често прават, но меѓу нив нема никаков анимозитет. Очигледно имаат заеднички син и си посакуваат сè најдобро еден со друг. Едноставно не им било судено“.

Изворот додал: „На Грета приватноста ѝ е многу важна и никогаш не ѝ било пријатно да разговара за било што за својот живот надвор од екраните. И таа и Карло се многу повлечени луѓе“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk