Пејачката Лизо пред 20 години си ветила дека ќе остане девица сè додека не ја освои престижната награда „Греми“.
Пејачката Лизо неодамна откри детали од својот живот во подкастот „Пријателите чуваат тајни“ и се отвори за длабоки признанија.
Таа призна дека ја изгубила невиноста во своите 30-ти години, со што исполнила ветување што си го дала пред 20 години.
Пејачката (37) признала дека одлучила да нема прв сексуален однос додека не ја освои наградата „Греми“.

„Кога бев помлада, си ветив дека нема да спијам со никого додека не добијам „Греми““, открила таа во гореспоменатиот подкаст.
Да ве потсетиме дека Лизо ги освои своите први „Греми“ награди во 2020 година, кога дома однесе три награди: за најдобра поп соло изведба за песната „Truth Hurts“, за најдобар модерен современ албум „Cuz I Love You“, како и за најдобра традиционална R&B изведба за песната „Jerome“.
Таа не го исполни ветувањето што си го даде истата вечер по доделувањето на наградите, но го стори тоа кратко време по „Греми“ наградите.
„Долго време лажев за тоа, се чувствував како камен да ми падна од срцето“, пејачката призна дека долго време ја криела вистината затоа што ѝ било непријатно.
Во оваа прилика, таа се присетила на еден непријатен момент со своите пријателки додека студирала на Универзитетот во Хјустон.
„Една вечер, само ние девојките се дружевме и во еден момент некој ме праша: Чекај, Лизо, дали си девица? Се сеќавам дека веднаш реков дека не сум. Ми беше толку непријатно. Додадов дека обожавам момчиња. И таа приказна ме следеше некое време“, изјавила таа.
Самата пејачка вели дека „доцна процветала“ и додала дека првпат се бакнала кога имала 21 година, а како причина за тоа ја споменала својата вера.
„Како тинејџерки во мојата црква, сите се заколнавме дека нема да правиме ништо пред бракот. И тогаш едноставно се исплашив навистина. Освен тоа, никој не сакаше да ме бакне“, изјавила таа.

Кога конечно се случил нејзиниот прв бакнеж, пејачката Лизо вели дека тоа било „ужасно искуство“:
„Всушност бев многу вознемирена поради тоа. Беше за Нова Година и тој некако ме натера да го бакнам. Бев бесна и си помислив дека мојот прв бакнеж е уништен. Бев навистина лута“.
За потсетување, пејачката е во врска со комичарот Мајко Рајта од 2021 година.
Тие се запознале во 2016 година, кога биле ко-водители на музичкото шоу на MTV „Wonderland“, но потоа ништо не се случи меѓу нив.
„Имам правило да не се задевам со мажите со кои работам... Тоа е забрането“, објаснила таа тогаш.