Постојат имиња кои се директно поврзани со ангелите и кои носат среќа и благосостојба. Дали вашето име е на листата?
Одамна се верувало дека името кое ќе му го дадеме на детето не е само повеќе букви туку енергија, судбина и заштита која го следи низ животот.
Секој родител сака на своето дете да му даде најдобро име, а што може да биде помоќно од имиња за кои се верува дека директно се поврзани со вашите сили?
Во продолжение прочитајте ја листата на моќни женски и машки имиња кои зрачат со сила, восхит и кои носат среќа и благосостојба.

Елена – симболиката на ова име е прекрасна и може да се толкува на следните начини: „онаа која е сјајна и блескава“, „онаа која носи радост и среќа во секој дом“, „убава и прекрасна однадвор и однатре“, „онаа која е блескава и полна со доблест и убавина“, „ќерка на Сонцето која зрачи со добрина“.
Се верувало дека жените кои го имаат ова име можат да напредуваат во животот и дека секогаш ќе ги следи светла енергија.
Наталија – име со христијанско потекло со значење на „благословена“ или „родена на Божиќ“. Се смета дека ова име носи посебна енергија, среќа и благослов, а и дека Наталија е самоуверена дама која упорно ги надминува сите препреки и лесно ги решава проблемите.

Татјана – значењето на ова име е „голем“, „грандиозен“, „џиновски“. Симболично, жените со ова име се „родени да бидат грандиозни и да прават големи работи“ или „создадени за големи дела“. Толкувањето на ова име е и „огнена кралица“. Се смета дека Татјана секогаш има позитивен став кон животот и дека лесно остварува успех.
Ирина – ова име значи мир, спокој, а го носи онаа „која носи мир“, „блага и многу племенита личност“, „жена со прекрасна енергија“.
Се смета дека Ирина има виша мисија во својот живот и дека може да постигне големи работи и да оствари амбициозни цели на многу полиња.
Александар – името во превод од грчки значи „оној којшто е заштитник на луѓето“ или „заштитник“, „човек којшто ги штити другите“, „личност која им помага на сите“. Тој е роден лидер со големо срце којшто знае како да се оствари во животот, но и позитивно да влијае на другите.
Никола – во буквален превод од латински и грчки, името Никола значи „народ којшто победува“, но ова име симболично значи „победа“, „личност која победува“, „борец за правда“, „заштитник“.

Луѓето со ова име имаат моќна енергија и карактер и лесно можат да пронајдат заеднички јазик со другите луѓе.
Михаило – името е со христијанско потекло кое значи „оној којшто е испратен од Бог, „Божја слуга“, „ангел“. Ова име е поврзано со ангелите и носи една прекрасна енергија и големина.
Василиј – во превод од старогрчки значи „царски“ или „цар“. Мажите со ова име се трпеливи, одлучи и амбициозни. Го земаат животот во свои раце и се трудат да ги постигнат своите цели. Посветени се на победата и родени како лидери.