Вкус кој ќе ве воодушеви: Направете совршен ајвар со помош на една тајна состојка

Кармин

19/08/2022

20:08

12.062

Големина на фонт

а а а

На почетокот на есента веќе домаќинките планираат да подготват зимница, а некои од нив веќе започнале да подготвуваат ајвар.

Поголем дел од домаќинките имаат свој рецепт за оваа омилена зимска намирница, но понекогаш добро е и малку да промените некои работи.

Покрај модар патлиџан, лук и лути пиперки, пикантен и совршен вкус на ајварот му дава и ренот.

Оние кои сакаат лута и зачинета храна, ќе уживаат во овој вкус, а не мора да го менуваат својот рецепт.


Подготовка:

За почеток - испечете ги и излупете ги пиперките.

Исечкајте ги или измелете ги, па пржете ги , мешајќи и додавајќи масло за јадење.

На половина од подготвувањето додадете сол, а на крај кога ставате есенција, изрендајте помала количина рен (на 3 килограми пиперки околу 300 грама рен) и измешајте го во ајварот.

Откако ајварот ќе биде готов, потребно е да го ставите во соодветни тегли, а потоа може да дегустирате. 

Уживајте во вкусот!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk