Внуката на кралицата Елизабета која ја обожава и покрај милионите на сметка, работи за мала плата: „Не можев да поверувам дека тоа е таа“

Кармин

19/08/2022

13:25

7.009

Големина на фонт

а а а

Внуката на кралицата Елизабета Втора, лејди Луиз Виндзор, работи во градинарски центар.

Лејди Луиз Виндзор која има 18 години, додека ги чека резултатите од Универзитетот, одлучила за тоа време да си најде работа.

Ќерката на принцот Едвад и Софи Весекс, заработува по 6.63 фунти од час ова лето, работејќи неколку дена во неделата, без оглед на тоа што живее во вила од 30 милиони фунти.


Еден купувач рекол: „Знам дека е криза и дека трошоците се големи, но не мислев дека некогаш ќе ја видам внуката на кралицата како работи во градинарски центар“.

Тој кажал дека Лејди Луиз им помагала на луѓето кои се на каса, ги поздравувала купувачите и садела растенија во градинарскиот центар.

Уште еден зачуден купувач искоментирал: „Не можев да верувам дека тоа беше лејди Луиз, морав двапати да ја погледнам.


Таа навистина е скромна и мила млада жена која е љубезна и внимателна кон купувачите. Ми изгледа како да ја сака работата.

Никогаш не би замислиле дека внуката на кралицата ќе преземе улога на работничка зад касата“.

Во палатата не сакале да ја коментираат одлуката на лејди Луиз, но сограѓаните имале само пофални зборови за неа.


„Зарем не е прекрасно што внуката на кралицата ги засукала ракавите и ги извалкала рацете, со летна работа пред да оди на Универзитет, баш како и секој друг нормален тинејџер“.

Инаку, тинејџерката ужива во дружењето со својата баба кралица и презема сè поголема јавна улога во кралското семејство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk