Мајка ѝ ја злоставувала со години, повеќе пати била силувана, а доживеала и инцест: Славната актерка и денес закрепнува од пеколот низ кој поминувала

Точка

27/06/2022

14:08

21.533

Големина на фонт

а а а

Познатата холивудска актерка Ешли Џад веќе неколку години живее далеку од очите на јавноста, но тоа не ја спречува и натаму да се појавува во светските медиуми.

Ешли Џад во 2011 година ја објавила книгата за својот живот „All That Is Bitter and Sweet“, а во неа открила дека повеќе пати била жртва на сексуално насилство. Ја злоупотребувал постар човек додека била дете, силувана била како тинејџерка, а била жртва на сексуално насилство од роднина на чие име се сетила по психотерапијата.

Родителите на актерката се развеле кога таа имала само четири години, а веќе во текот на седмата година таа станала депресивна. Набрзо потоа, за првпат станала жртва на злоставување, а кога за истото им раскажала на своите блиски, никој не ѝ верувал.


Од малечка била изложена на сексуални испади од својата мајка Наоми, како и нејзини физички пресметки со бројни партнери. Наоми имала и пиштол, па Ешли со оружјето си играла кога била мала, па дури пробала и руски рулет. До својата осумнаесетта година променила 13 училишта, па поради тоа се чувствувала несакано.

Во средното училиште победила на манекенски натпревар кога освоила и двомесечен договор за работа во Јапонија. Се надевала дека таа можност ќе ја извади од бедата и ќе ѝ овозможи нов почеток.

Меѓутоа, за време на патувањето била изложена на непримерни понуди од менаџерот задолжен за организација, а еден манекен се обидел да ја натера на орален секс.

Ешли без оглед на своите препреки одлучила да продолжи понатаму, а еден од нејзините приоритети било образованието. Дипломирала на Универзитетот во Кентаки, по што се преселила во Холивуд каде реализира завидна кариера.


Раните низ годините ги криела од јавноста, а на наговор на тогашниот сопруг Дари Франчити одлучила да го открие своето страшно минато и на тој начин да се ослободи од болката која ја имала уште од раното детство.

Во книгата напишала и како сестра ѝ Винона ја мотивирала да се пријави за рехабилитација поради прејадување. Таму се соочила со сите болни сеќавања од животот.

„Преживеав сексуално злоставување, силување и инцест. Благословена сум затоа што во 2006 година лицата кои го поминаа истото ми помогнаа да закрепнам. Летото 1984 година беше болно. Една возрасна личност двапати ме силуваше, додека друга возрасна личност непрекинато ме злоупотребуваше, а еден маж притоа сето тоа го набљудуваше“, напишала актерката на социјалните мрежи.


Ешли тврди дека и натаму пати од депресија и објаснила дека одлучила да побара помош во центарот за рехабилитација во Тексас. Терапиите ѝ помогнале да дојде до потиснатите сеќавања на инцест во детството, иако не напишала кој е членот од семејството којшто ја злоставувал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг