[ВИДЕО] Сопругот на Антониа Гиговска се претстави на музичкиот натпревар „IDJShow“, но наместо пофалби доби критики од жирито: „Да ти ја имам самодовербата...“, реакциите не престануваат

Точка

30/09/2026

11:28

1.242

Големина на фонт

а а а

Роберт Спасенцовски реши да излезе од сенката на сопругата Антониа Гиговска и пред регионалната публика да покаже дека и самиот има што да понуди на музичката сцена. Македонскиот музичар се појави во популарното музичко шоу „IDJShow“, каде што пред жирито ја изведе својата авторска песна „Не могу“.

Настапот, сепак, не помина онака како што веројатно очекуваше Спасенцовски. Наместо позитивни реакции и пофалби, неговата изведба предизвика низа забелешки од членовите на жирито, особено од Реља Поповиќ и Наташа Беквалац.

Роберт пред жирито се претстави со песната „Не могу“, при што покрај вокалната изведба покажа и дека свири клавир. Сепак, уште по завршувањето на настапот, Реља Поповиќ не штедеше критики за она што го слушна.


„Не е добро ова. Освен свирењето клавир, сè друго беше онака...“, прокоментира Поповиќ, давајќи до знаење дека настапот не ги исполнил неговите очекувања.

На неговата забелешка веднаш се надоврза и Наташа Беквалац, која имаше уште покритички коментар за музичкиот дел од настапот.

„Не беше ни свирењето на клавир“, додаде Беквалац.


Разговорот дополнително се заостри кога Роберт откри дека песната со која настапи е негово авторско дело. Наместо тоа да биде плус во неговото претставување, следуваше нова директна забелешка од Реља.

„Не е добар ни текстот“, му порача Поповиќ.


Иако коментарите од жирито беа прилично остри, настапот на Спасенцовски во „IDJShow“ е негово претставување пред пошироката регионална публика и можност да покаже дел од својот музички потенцијал.

Под видеото споделено на социјалните мрежи има и многубројни коментари:

„Фалеше, 'а, фризурата кој ти ја прави, и таа не е добра'“, „Може не пее добро, може не свири добро, ама добро утро“, „Роберт е одличен музичар, аранжер, врвен хармоникаш, одличен пејач... А, овие во жирито кај него на часови“, „Може не знае да свири ама затоа уште полошо пее“, „Какво лечење комплекси, остајте човекот да си прави што му душа сака“, „Да ти ја имам самодовербата...“.

Роберт на македонската публика ѝ е познат и како музичар кој редовно ја придружува својата сопруга Антониа Гиговска на нејзините настапи во живо. Двајцата често соработуваат и на музички план, а неодамна заедно создадоа нова верзија на популарната песна „Чукај, чукај“, во соработка со легендарната Благица Павловска.


Појавувањето во „IDJShow“ за Спасенцовски е чекор повеќе кон самостојно претставување пред регионалната публика. Иако првиот впечаток кај дел од жирито беше проследен со критики, останува да се види дали Роберт ќе успее да ги поправи впечатоците во продолжение на музичкото шоу и да покаже што навистина умее.