Додека неговата сопруга била бремена, познатиот музичар ја изневерувал со сосетката: Љубовницата ѝ била пријателка, а потоа ѝ го „презела“ сопругот

Точка

02/10/2026

09:29

858

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, познатиот пејач Стинг го прославува својот 75-ти роденден, а меѓу првите што му честитале била токму неговата втора сопруга Труди, со која стапил во врска уште додека бил во првиот брак.

Иако веќе длабоко зачекорил во осмата деценија од животот, Стинг, музичката икона и неуморниот рокер, не покажува ни најмала намера да забави. Со енергија на која би ѝ завиделе и колеги децении помлади од него, славниот Британец и понатаму ги полни салите ширум светот и докажува дека годините за него се само бројка.


Покрај децата, неговата најголема потпора, неисцрпна инспирација и мирно пристаниште низ сите бури на шоубизнисот е неговата сопруга Труди Стајлер. Заедно се повеќе од 40 години, поточно од 1982 година, додека во официјален брак се од 1992 година.

Нивната љубовна приказна започнала на бизарен начин, така што Труди најпрво му била љубовница.

Да потсетиме, Стинг, чие вистинско име е Гордон Метју Томас Самнер, од 1976 година бил во брак со Френсис Томелти, успешна актерка. Во бракот добиле две деца: синот Џозеф и ќерката Фушија Кетрин Самнер.

Сè изгледало идилично сè додека актерката Труди Стајлер не се вселила во нивната зграда, и тоа два стана подалеку од нивниот. Со текот на времето станала добра пријателка со Френсис, па дури и заедно глумеле во продукцијата на „Макбет“.

Првиот пат кога Труди го видела Стинг било на улица во 1977 година.

„Имаше зелена коса. Помислив – ми се допаѓа овој тип“, раскажала подоцна за „The Guardian“.

Со текот на времето меѓу нив се родила привлечност, а аферата ја започнале во 1982 година, во периодот кога сопругата на Стинг била по вторпат бремена. Музичарот во својата автобиографија „Broken music“ опишал како се заљубил во Труди веднаш штом ја запознал.

Ја опишал како „ранет ангел“, фасциниран од лузната на нејзиното лице која „не ја намалувала нејзината убавина“. Сепак, ситуацијата не била идеална – Стинг бил оженет со нејзината најдобра пријателка, а и Труди тогаш била во врска со друг маж.


Меѓутоа, во 1983 година Труди останала бремена. Тоа дефинитивно бил крајот на бракот на Френсис и Стинг, а по Бриџет, која се родила во 1984 година, кога бил завршен и бракот на Стинг и Френсис, парот добил уште три деца: Џејк, Елиот и Џакомо.

Денес Стинг својата долгогодишна врска ја нарекува чудо и нагласува дека ништо не земаат здраво за готово.

„Ние сме и пријатели. Се сакаме, но и си се допаѓаме еден на друг – а тоа е важна разлика. Љубовта е страст и сите тие работи, но навистина да уживате во нечие друштво е нешто поинакво и тоа трае подолго. Бидете во брак со вашиот најдобар пријател“, порача Стинг.