[ФОТО] Лазаров стана татко: Се роди Лука, Стефан присуствувал и на породувањето

Точка

01/10/2026

18:23

1.176

Големина на фонт

а а а

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта станаа родители. Парот го доби своето прво дете, синчето Лука, а убавата вест Лазаров ја сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Познатиот водител, новинар и јавна личност објави фотографија со која му посака добредојде на новиот член на семејството, а во емотивната порака јавно ѝ се заблагодари на Марта.

„Денес добивме син … Марта, ти благодарам за најубавиот подарок што може еден маж да го добие“, напиша Лазаров.


Објавата со која го претстави Лука предизвика голем број реакции, а во коментарите пристигнаа честитки од пријатели, колеги и следбеници.

Стефан присуствувал и на самото породување, а набргу по раѓањето открил дека и Марта и бебето се чувствуваат добро.

„Марта и бебето се одлични. Ја породи доктор Палчевски и сè помина во најдобар ред. Присуствував на породувањето и е искуство што не се опишува, мислам дека секој иден татко треба да го направи тоа“, изјавил Лазаров за „ЦРНОБЕЛО“.

Тој открил и дека малиот Лука се родил со тежина од три килограми.

Ова е прво дете за Стефан и Марта, кои се заедно веќе една деценија.

Во периодот пред породувањето, парот направи и трудничка фотосесија, со која сподели дел од последните моменти од бременоста пред пристигнувањето на Лука.

Сега за нив започнува ново животно поглавје – овојпат во улогата на родители.