Хајди Клум веќе извесно време престојува во Париз, а причината е Париската модна недела, која собира бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот.
Познатата Германка имавме можност да ја видиме на модната ревија на бјути-брендот „Лореал“, каде со својот сензуален од ја освои модната писта, а сега повторно го привлекла вниманието на јавноста.
За ревијата на Вивиен Вествуд, таа решила да облече впечатлива креација која ја следи линијата на телото и ја истакнала нејзината витка фигура.

Станува збор за специфично парче од споменатата дизајнерка, кое комбинира класична елеганција со модерен гламур и на целата креација ѝ дава опуштена нота. Како што може да се види, Хајди носела макси здолниште со крој „сирена“ и сако со нагласени, предимензионирани раменици.
Косата ѝ била стилизирана во благи бранови кои паѓале преку нејзините раменици, а за шминката избрала нешто потемни тонови за да постигне таканаречен „dark glam“ изглед.

Сепак, вистинското изненадување била нејзината придружба – 16-годишната ќерка Лу Самјуел, која ја доби во бракот со музичарот Сил. За оваа пригода, таа избрала креација што ѝ ја истакнала фигурата, но и нејзините витки нозе.

Попрецизно, се решила за корсет мини фустан, потпишан од Вивиен Вествуд. Изгледот го надополнила со високи потпетици и шминка во „нуд“ тонови.

Мајката и ќерката биле видно расположени за време на ревијата, а собраните фотографи ги поздравија со блескави насмевки и сите го коментираа истото – ќерката е неверојатно убава…












