(Видео) Ким Кардашијан ја покажа канцеларијата, интернет екипата веднаш пресуди: „Ова се најнеудобните столчиња досега“

Кармин

23/06/2022

19:28

10.140

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан неодамна се пофали со стилски уредената канцеларија, а интернет корисниците тврдат дека никогаш не виделе понеудобен мебел.

На видеото кое е објавено и на ТикТок, Ким ја покажува својата канцеларија уредена во скандинавски стил, а во еден момент се гледаат и столчињата во форма на триаголник кои се наменети за гости.

„Мислам дека штотуку ги најдов најнеудобните столчиња досега“, гласи текстот над видеото, со кој се согласиле десетици корисници на таа социјална мрежа.


„Попрво би седел на земја“, напишал еден корисник, а друг додал: „Тоа се столчиња за гости кои не треба да останат долго“.

Имало и такви кои застанале во одбрана на старлетата и објасниле дека тој мебел го користи само за декоративни цели и дека веројатно воопшто не ја користи таа канцеларија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk