Децата ќе ги обожаваат! Солени ролати за најголемите љубители на пица

Точка

20/01/2022

17:21

9.814

Големина на фонт

а а а

Неодоливи ролат пици - полжавите се совршен избор за брза вечера, ненајавени гости и уживање со вашата омилена епизода од серијата, наместо со грицки.

Доколку во домот имате брашно, млеко и остатоци од месо, нема да ви требаат многу пари за да ги направите овие кифлички.

Состојки:

- 5 дл млеко

- квасец

- лажица кафеав шеќер

- лажица морска сол

- килограм брашно

- 2 дл. масло

- 150 гр. маргарин

- 350 гр. шунка

- 250 гр. едамер сирење

- оригано

- магдонос

- јајце

- кечап

- пармезан


Подготовка:

Загрејте го млекото, издробете го квасецот, додадете го шеќерот. Измешајте ги состојките и оставете 15 минути. Додадете килограм брашно и масло, па ставете го тестото.

Треба да отстои најмалку 30 минути. Кога ќе порасне, поделете го на два дела. Виткајте ги во правоаголници, премачкајте ги со кечап, изрендајте шунка, едамер сирење, оригано и виткајте ги во ролат. Кифличките исечкајте ги на ширина од 3 см, а секое парче посипете го со пармезан. Печете ги пица ролатите на хартија за печење 30 минути на 180 степени.

Послужете ги со домашно кисело млеко, кефир и свежа салата. Можете да ги декорирате со листови свеж магдонос, а да ги посипете со остатокот од пармезанот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk