Безброј неверојатни фустани продефилираа на црвениот тепих во 2021 година, а ние издвоивме дел од нив кои ги поделивме во неколку категории.
Бела Хадид на филмскиот фестивал во Кан

Манекенката ги шокираше присутните во црниот фустан каде горниот дел од градите ѝ беше покриен со голем златен ѓердан во облик на бели дробови.
Ел Фанинг на доделување на InStyle наградите

Актерката ја носеше оваа креација на Balmain чиј горен дел се состоеше од џиновско парче накит.
Оливија Родриго на The Academy Museum of Motion Pictures свечениот бал

Специфичен крој на фустан кој го потпишува модната куќа Saint Laurent ја направи Оливија да блеска.
Зендаја на филмскиот фестивал во Венеција

Беж кожна креација од брендот Balmain оддаваше впечаток како да е мокра. Зендаја во неа изгледаше како принцеза од друга планета.
Меган Фокс на доделувањето на MTV наградите

Проѕирниот фустан не остави многумина рамнодушни. Оваа провокативна креација ја потпишува Mugler.
Аманда Сејфрид на доделување на Оскари

Раскошниот црвен фустан со специфичен прорез можеше да го смисли само неверојатниот Giorgio Armani.
Кери Малинган на доделување на Оскарите

Факт е дека на актерката не ѝ беше потребна награда поради тоа што Valentino фустанот ја направи да изгледа како златна статуетка.
Били Ајлиш на Мет Гала

Балскиот фустан со нежна боја на пудра го дизајнирал Oscar de la Renta. Били во оваа креација ѝ оддала почит на Мерилин Монро.
Лејди Гага на премиерата на филмот House of Gucci

Прекрасниот фустан со потпис на модната куќа Gucci, воодушевил со својата виолетова боја.
Рина Савајама на доделувањето на BRIT наградите

Нежната виолетова боја и карнерите го направиле овој фустан неверојатен.
Кејли Куоко на доделување на Emmy наградите

Неонската жолта боја со интересна креација е дело на дизајнерката Вера Ванг. Актерката изгледала прекрасно!
Дакота Џонсон на филмскиот фестивал во Венеција

Налик на нежен оклоп од кристали, актерката изгледала како елегантна хероина во фустанот на Gucci.
Дуа Липа на доделувањето на Grammy наградите

Versace знае како да направи урбана креација, па во неа пејачката изгледала како милион долари.
Кендал Џенер на Мет Гала

Проѕирниот беж фустан со сребрени кристали со потпис на Givenchy, креирал бајковита магија.
Зои Кравиц на Мет Гала

Saint Laurent била задолжена за оваа провокативна креација составена од метални ланци.
Милена Смит на филмскиот фестивал во Венеција

Асиметричниот облик и црно-белата комбинација создале фустан кој е навистина елегантен, сето тоа благодарение на брендот Balmain.
Џиџи Хадид на Мет Гала

Контрастот меѓу сатенот и кожата, црното и белото, довеле до тоа манекенката да делува ретро гламурозно во брендот Prada.
Реџина Кинг на доделувањето на Оскари

Louis Vuitton направила нежен сиво-син фустан во кој Реџина навистина изгледала како кралица.