Рецепт за брза и кремаста торта без печење – неодоливо совршена

Кармин

14/10/2021

21:00

5.941

Големина на фонт

а а а

Кога еднаш ќе ја пробате оваа превкусна и кремаста торта, едноставно ќе се воодушевите.

Состојки:

- 150 грама шеќер

- 1 лажица ванилин шеќер

- 50 грама брашно

- 2 јајца

- 400 грама павлака за готвење

- 300 грама чоколадни бисквити

- 100 грама путер

- 1 лажица ванилин шеќер

- 120 грама растопен путер

- 1 лажица млеко


Подготовка:

Шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното измешајте ги, па додадете две јајца, убаво соединете со жица за матење, па додадете павлака за готвење и добро измешајте. Смесата ставете ја на оган додека не зоврие, непрекинато мешајте.

Кога смесата ќе зоврие, варете уште две-три минути мешајќи, па тргнете го садот од огнот и оставете да се излади. Филот покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер.

Чоколадните бисквити сомелете ги во блендер.


120 грама растопен путер ставете во сомелените бисквити, додадете една лажица млеко и соединете. Одвојте 5 лажици од смесата настрана.

Од бисквитите со рака формирајте кора, па ставете фил, но не до врвот на плехот. Потоа ставете ги 5-те лажици кои ги имавте сочувано, па уште малку од филот над нив.

И, тоа е тоа – вашата брза кремаста торта без печење е готова.

Оставете ја во фрижидер да се излади, па послужете.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk