Синот на легендарната актерка стана жена, а таа гордо се огласи: „Гледавме како Томас се претвора во Руби“

Кармин

30/07/2021

16:10

10.793

Големина на фонт

а а а

Најлмладото дете на актерката Џејми Ли Кертис и нејзиниот сопруг Кристофер Гест, го променило полот, а таа се огласила по тој повод.

Актерката открила дека нејзиното најмладо дете е транссексуалец.

62-годишната актерка во интервју за списанието „AARP“ раскажала дека нејзиното 25-годишно дете кое го има со сопругот Кристофер го променило полот од машко во женско, па го открила и неговото име.


„Мојот сопруг и јас со чудо и гордост гледавме како нашиот син кој се викаше Томас се претвора во ќерка со име Руби“, изјавила Џејми.

Исто така таа изјавила дека Руби планира да се венча наредната година. Не открила дали пред олтарот ќе застане со маж или жена.

Руби била благословена во интервјуто кое го дала нејзината мајка, а Џејми Ли Кертис вели дека ѝ рекла дека животот е „константна метаморфоза“ со што таа целосно се согласува.


Инаку, актерката и претходно им имаше дадено поддршка на трансродовите луѓе, а често истакнува дека на луѓето треба да им се даде поддршка што и да одлучат да бидат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk