Како ќерката на Меган Маркл и принцот Хари ќе ја промени историјата? Експерт за кралското семејство ги открил деталите

Кармин

09/06/2021

15:21

4.429

Големина на фонт

а а а

Поранешната актерка и војвотка од Сасекс, Меган Маркл, го донесе на свет второто дете – девојче тешко 3 килограми и 220 грама кое парот го нарече Лилибет „Лили“ Дајана Маутбатен-Виндзор, по прабабата Елизабета и покојната принцеза Дајана.

Меѓутоа, уште пред самото породување странските медиуми пишуваа дека ќерката на Меган Маркл и принцот Хари ќе биде таа која ќе ја промени историјата на кралското семејство.

„Хари и Меган веќе влегоа во историјата поради сè што направија, а никој во семејството не го направил тоа претходно. Нивната ќерка веројатно ќе тргне по тој пат и ќе ги руши бариерите“, изјавил експерт за кралското семејство за странските медиуми.


Тој навел дека е можно кралскиот пар да не одбере титула за своето девојче, токму како што не го направија тоа кога се роди нивниот син Арчи. Медиумите пишуваат дека евентуално би можеле да ѝ ја дадат титулата „Лејди“.

Ќерката на Хари и Меган е посебна и по тоа што е првото кралско бебе кое не е родено во Велика Британија. Бидејќи Меган се породи во Калифорнија, нивната ќерката автоматски ќе стане американска државјанка.

Инаку Меган своевремено одлучи да ја откаже забавата по повод доаѓањето на Лили на свет, која била замислена како забава во организација на идната мајка или нејзините пријателки, што инаку не го практикуваат припадниците на кралското семејство.


Таа најпрвин сакала раскошна забава, но истата не се организираше најмногу поради пандемијата.

„Смета дека голема забава со мноштво подароци сега не е во ред. Постојат премногу проблеми во светот за да се организираат такви работи во овој момент“, изјавил извор близок до кралскиот пар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk