Домот има четири спални соби, шест тоалети, три камини, соба за забава, вински подрум и теретана.
Џастин и Хејли Бибер официјално се oтселија од својот прв дом во Беверли Хилс.
Познатиот пар го продаде својот дворец со површина од 6.132 метри квадратни, две години откако се вселија таму.
Тие вилата ја продадоа целосно опремена за 7,9 милиони долари, соочувајќи се со губиток од 545.000 долари поради тоа што истата во 2018 година ја купиле за 8,5 милиони долари.
Куќата има четири спални соби, шест тоалети, три камини, соба за забава, вински подрум и теретана. Исто така таа поседува и три гаражи, како и огромен двор со базен.
За да ја продадат, побарале помош од Далтон Гомез кој што е вереник на поп ѕвездата Ариана Гранде и кој што е познат агент за недвижнини во Холивуд.
Инаку, пејачот и манекенката се во брак две години и освен споменатата вила тие имаат уште неколку недвижнини во своја сопственост.