Пилар од Валенсија е несомнено една од најпопуларните модни блогерки на Инстаграм во категоријата 50+, а секојдневно нејзината публика е сè побројна.
Тоа не нè чуди со оглед на тоа што нејзините стајлинзи се за чиста 10-ка.
Од оваа дама може многу да се научи кога станува збор за модата. Таа вешто ги спојува парчињата и креира феноменални аутфити. Добро знае што е во тренд, а помеѓу нејзините фотографии сигурно ќе пронајдете нешто по свој вкус.
Ние издвојуваме неколку стајлинзи кои ќе ви послужат како инспирација за креирање на вашиот нареден изглед: