Брижит Макрон: Занемарено парче облека кое го надминува дури и најдоброто палто

Кармин

13/01/2021

12:15

1.708

Големина на фонт

а а а

На едно од поретките појавувања во јавноста поради пандемијата и епидемиолошките мерки кои се на сила во Франција, Брижит Макрон покажала малку поинакво модно издание од оние во кои сме навикнати да ја гледаме француската прва дама.

Брижит Макрон се појавила на погребот на францускиот новинар и уредник на неделникот „Париз-Мач“, Оливиер Ројант, одржан во париската црква Сант-Клотилда.


Во согласност со оваа пригода, изборот на облека на првата дама на Франција бил пристојна елеганција. Наместо палто, Бриџит облекла црна наметка, облека што не ја гледаме често и изгледа многу убаво и впечатливо. Отворите за раце на наметката имаат тенок кожен детаљ и сокриено копче.


Покрај модното парче што може да го надмине најдоброто палто, Брижит Макрон носела обични црни панталони, црн шал и чанта, а единствените детали во боја биле долгите сини кожни ракавици кои на аутфитот му го додале препознатливиот француски шик стил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk