5 чудотворни маски со банана: Ја хидрираат кожата, ги бришат брчките, го матираат лицето!

Кармин

22/10/2020

16:27

1.696

Големина на фонт

а а а

Доколку во корпата со овошје имате зрела банана, која полека почнува да скапува, имате 2 опции.

Едната е да ја употребите за подготовка на банана леб, а другата е да направите маска за лице.

Неодамна стана познато дека покрај тоа што има пријатен вкус и висока хранлива вредност, ова овошје им годи на кожата и косата.

Богата е со калиум и минерални соли, и хидрира, лекува и смирува, па може да се искористи самостојно или во комбинација со други состојки кои ги имате дома. Денеска одлучивме да ви претставиме некои од начините со кои може да си направите третман во удобноста на вашиот дом со банана, како главна состојка.

Хидратантна маска

Состојки:

- 1 банана

- 1 лажица мед

- 1 лажица јогурт

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки, додека не добиете кремаста смеса, па рамномерно нанесете ја на лицето и вратот. Оставете ја да отстои 20 минути, па измијте со топла вода.


Маска за длабинско чистење на лицето

Состојки:

- 1/2 банана

- 1 лажица незасладено какао во прав

- 1 лажица глина во прав

Подготовка:

Прочитајте ја претходната постапка, бидејќи, освен состојките, сè друго е исто.

Маска против брчки

Состојки

- 1 банана

- 1 лажица мед

Подготовка:

Во сад истолчете ја бананата и додадете го медот, па почекајте смесата да добие кафена боја. Потоа размачкајте ја по лицето и оставете ја да делува околу половина час. На крајот измијте се со топла вода.


Матирачка маска за лице

Состојки:

- 1/2 банана

- 2 лажички овесна каша или брашно

Подготовка:

Повторно е потребно да ја истолчите бананата, потоа додадете ја овесната каша, добро измешајте и рамномерно нанесете на лицето. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте се со топла вода.

Хранлива маска за коса

Состојки:

- 1 банана

- 2 чаши јогурт со ниска масленост

Подготовка:

Добро соединете ги состојките, додека смесата не стане хомогена, па нанесете на косата и чекајте околу половина час. Потоа добро измијте ја косата на вообичаенито начин.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk