Раскошен луксуз по цена од 16 милиони долари: На продажба вилата на Присила Присли

Кармин

30/09/2020

19:32

1.831

Големина на фонт

а а а

Кога раскошната вила на Присила Присли последен пат беше официјално ставена на продажба пред 45 години, нејзиниот поранешен сопруг Елвис Присли се уште беше жив, а претседателот Џералд Форд ја презеде Овалната канцеларија од Ричард Никсон.

Бајковитата вила со 7 спални соби и 8 и пол купатила сега се најде на пазарот на недвижности по цена од 16 милиони долари. Изградена во 1951 година, скриена зад импозантната капија во близина на познатиот дел 90210 во Беверли Хилс, овој имот нуди вистински луксузен спокој благодарение на своите деликатно уредени градини и бујната вегетација која гарантира приватност. 


Раскошниот декор е нагласен со темни, дрвени греди и заоблени ходници, орнаментални камини од камен, богат брокат и дезенирани ткаенини. Во една од формалните соби за прием на гости се наоѓа големо пијано над кое се наоѓа кристален лустер.


Кадифените завеси закачени на рамка од ковано железо пружаат оптимална приватност во трпезаријата, додека работната соба е декорирана со темни дрвени панели со француски врати кои се отвораат кон градината.


Спалните соби се распоредени низ целиот дом, вклучувајќи и просторија за персоналот, одвоен гостински апартман со приватен влез и скриен мастер апартман кој се состои од спални соби со камин, двојни куптила и приватна ложа.


Широките скали водат кон величенствениот базен кој е опкружен со тераси за сончање. Каминот на отврено го добил името „Cosa Nostra“, а во негова близина се наоѓа и тениски терен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk