Одредени намирници се богати со витамини, минерали, антиоксиданси, амино киселини, ензими и останати нутриенти кои се клучни за доброто здравје.
Овие намирници содржат повеќе нутриенти по калории и помал број (или воопшто) штетни состојки. Кога станува збор за вашата кожа, ова се намирниците кои треба што почесто да ги консумирате:
Оваа многу здрава намирница е една од најбогатите намирници на светот – брокулата содржи протеини, калциум кој е важен за здравјето на коските, влакна, витамини А, Ц и К, фитоестрогени и материи кои ги обновуваат оштетувањата на мускулните ткива и органите, настанати од стареењето.
Овие мали бобинки се вистинска “бомба” на антиоксиданси кои би можеле да го забават ефектот на стареење. Исто така, тие се богати и со состојки кои би можеле да ги ублажат воспалителните процеси.
Лососот е еден од најбогатите извори на омега-3 масни киселини кои помагаат во намалување на холестеролот, ги намалуваат воспаленијата, го намалуваат ризикот од мозочен удар и го спречуваат ризикот од срцев удар. Лососот е исто така богат со протеини, тој е добар извор на железо и не содржи голема количина на жива.
Бадемите се богати со влакна, фитохемикалии и аргинин за кој се смета за претходник на човечкиот хормон за раст.
Спанаќот е одличен извор на состојки кои го зајакнуваат вашиот имунолошки систем и се борат против слободните радикали.
Слаткиот компир содржи огромна количина на витамин А кој е одличен за вашата кожа и очи, како и моќни антиоксиданси и калиум.