Деми Мур објавила фотографија од домашната канцеларија, фановите се згрозени: „Имам толку многу прашања“

Кармин

10/07/2020

14:18

6.649

Големина на фонт

а а а

Фановите на Деми Мур се згрозени откако објави фотографија од домашната канцеларија - купатилото.

Во промоцијата на нејзиниот нов поткаст, 57-годишната актерка споделила фотографија од купатилото во кое има и кауч.

„Возбудена сум што конечно со вас го споделувам она на што работам. Првата епизода #DirtyDiana излегува во понеделник, на 13-ти јули“, напишала покрај фотографијата на која седи на каучот, со лаптоп на столица, а позади неа се гледа и WC школката.

Во просторијата има и тепих, а позади актерката има и мијалник и многу козметички производи. Каучот со цветен дезен порано стоел во нејзината дневна соба, според фотографиите кои ги објавувала за време на карантинот.

„Ова купатило дефинитивно е проклето“, „Ова е најчудното купатилот кое некогаш сум го видел“, „Имам толку многу прашања“, „Деми???“, се само дел од коментарите.

##https://twitter.com/rizzolarat/status/1281205217149751298?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk