Откриена новата Batwomen: Ова е првата Афроамериканка која ќе игра култна улога

Точка

09/07/2020

20:34

2.029

Големина на фонт

а а а

Лесли е замена за Руби Риуз, која ја напуштила серијата после првата сезона, откако добила многу лоши критики.

„Исклучително сум горда што сум прва Афроамериканка која на телевизија ќе ја игра култната улога Batwomen. Како бисексуалка, почестена сум што ѝ се придружив на оваа револуционерна серија која, како таква, е пресвртница за ЛГБТ заедницата“, изјавила Лесли, пренесува „CNN“.

Нејзиниот лик Риан Вилдер, ќе биде лезбејка, а опишана е како симпатична, неуредна, малку безобразна и нескротлива.

Актерката која порано глумела и во драмската комедија „God Friended Me“, треба да дебитира во улогата Batwoman во јануари 2021-ва година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг