Има 54 години, но сè уште може да се пофали со извајана фигура –погледнете како вежба Синди Крафорд

Кармин

17/06/2020

12:06

2.127

Големина на фонт

а а а

На фигурата можат да ѝ позавидат многу жени ширум светот, а таа открива како успева да ја одржи совршената линија и во шестата деценија од животот.

Синди вели дека ништо во животот не е бесплатно и дека за добрата форма е потребна постојана работа. Поранешната манекенка ништо не препушта на случајот и затоа вежба 3 пати неделно, па затоа не е ни чудно што изгледа како божица и на 54 години. Откако влегла во светот на манекенството па сè до денес, Крафорд тврди дека не пропуштила ниту една недела без тренинг. Напорната работа и упорноста се клуч за постигнување на секоја цел, вели Синди. 


Со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм, поранешниот модел споделува снимки на кои покажува како ги согорува вишокот калории. Добрата вест е дека сè што таа вежба, можете да го вежбате и вие во удобноста на својот дом.

Погледнете ги видеата и подгответе се да вежбате како вистински супермодел:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk