Направете си сами миризлива бомба за капење и уживајте во топла купка

Кармин

09/04/2020

21:08

1.466

Големина на фонт

а а а

Постои нешто необјасниво во опуштањето во топлите купки преполни со сапуница, смирувачката музика во позадина и одморањето на мозокот и телото.

Светот полуде по бомби за капење во последните неколку години - поради одличниот мирис, боја, генијалните својства кои ги содржат во случај да се природни.

Со оглед на тоа дека знаат да бидат прилично скапи, одлучивме да ви помогнеме околу тој пробем и да ви откриеме како да направите домашна верзија бомби за капење. Се разбира, за многу пониска цена.

Сè што ви е потребно

- 1 чаша сода бикарбона
- пола чаша лимонска киселина
- пола чаша морска сол
- 3/4 пченкарен скроб
- 2 лажици масло по ваш избор (кокосово, бадемово, маслиново)
- 2 лажици вода
- 1 лажица екстракт од ванила
- 30,40 капки есенцирано масло или зачин во прв (ѓумбирот е одличен избор)
- природна боја (може, но и не мора да додавате - исклучиво поради бојата) 


Подготовка

Измешајте го маслото по избор и есенцираното масло со сода бикарбона и добро разредете ги. Додадете ги другите суви состојки: сол, лимонска киселина, пченкарен скроб и мешајте додека не се соединат. Додајте го зачинот во прав ако го користите.

Полека додадете ги етеричните масла и водата во смесата. Ви препорачуваме да наполните шише со прскалка, и полека додавајте со прскање, за на сите делови да биде еднакво. Добро разредете со раце (носете ракавици ако имате чувствителна кожа). Разредувајте додека смесата не биде компактна и не престане да ви се распаѓа во рацете. Ако видите дека е пресуво, додадете уште малку од течноста.

Смесата оставете ја да стои 48 часа или додека сосема не се стврдне, во калапи. Таа веројатно ќе расте, па секогаш подобро е да ја стиснете цврсто во калапите (најдобро е да користите метални). Кога ќе се исушат, извадете ги и ставете ги во платнени вреќички и користете ги во наредните две недели. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk