Најмрачната тајна ја однесе со себе во гроб: Музичката дива уште како девојче доживеала ужасни работи, но за тоа никогаш не зборувала

Кармин

01/11/2019

13:23

3.771

Големина на фонт

а а а

Витни Хјустон беше една од најголемите музички диви. До својата смрт својата најмрачна тајна не ја споделила со ниту еден член од своето семејство, па дури ни со својата мајка.

Нејзиното тело било пронајдено во када во беверли Хилс на 48-годишна возраст, откако консумирала комбинација од кокаин, канабис и неколку различни таблети што нејзиното тело не можело да ги поднесе.

Гласините за тоа дека консумира дрога кружеле во доцните 90-ти што до израз почнало да доаѓа нејзиното нервозно однесување, откажување на закажани настапи, но и нагло губење на тежината.

Во 2000-та година откажан ѝ бил ангажманот на свеченостите за доделување на Оскари иако нејзините пријатели тврделе дека имала проблеми со грлото, подоцна се докажало дека всушност таа таму не била посакувана.


Витни својата вистина за зависноста ја признала во 2009-та година во телевизиското шоу на Опра Винфри, откривајќи дека главната причина за губењето тежина е тоа, а не стресот.

Сепак, за една работа никогаш не зборувала, односно за мрачната семејна тајна со која се борела целиот свој живот.

Ѝ признала само на една личност, својата долгогодишна асистентка која внимателно ја сослушала кога пејачката ѝ раскажала сè за злоставувањето кое го доживала како девојче и тоа од женски член на своето семејство.


„Витни ме погледна и ми рече: „Бев злоставувана и на млади години. Но, тоа не ми го направи маж, беше жена“. Имаше и солзи во очите и рече дека нејзината мајка немала поим што се случувало и дека ништо не ѝ кажала за тоа. Не сакала да ѝ каже затоа што верувала дека на мајка ѝ ќе ја повреди таа личност која ја злоставувала неа. Солзи ѝ течеа по лицето и во тој момент само ја прегрнав. Ѝ кажав дека мора да ѝ раскаже на нејзината мајка кога ќе се смири затоа што само така ќе може да го симне “товарот““ - изјавила Мери во документарецот.

Додека Витни никогаш не ја именувала својата злоставничка, нејзиниот полубрат Гери Гарланд тврдел дека и тој бил злоставуван и тоа од страна на роднината Ди Ди Ворвик.

„Како дете на седум, осум и девет години ме злоставуваше член од моето семејство. Мајка ми и татко ми често беа отсутни, така што за тоа време нè чуваа различни луѓе. Четири или пет различни семејства се грижеа за нас“ - објаснил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk