GoPro ги претстави камерите Hero 8 Black и Hero Max

Точка

02/10/2019

15:31

2.125

Големина на фонт

а а а

Компанијата GoPro ги претстави двете најнови камери - ова се Hero 8 Black и Hero Max.

Директорот на GoPro, Ник Вудман изјави дека компанијата е на пат да биде профитабилна, а новите камери би требало да помогнат во тоа затоа што станува збор за скапи модели кои го претставуваат врвот на понудата.

Hero 8 Black камерата е за 14% полесна од актуелната „седмица“, поседува сензор од 12 мегапиксели со подобрен HDR, а тоа позитивно ќе се одрази на поквалитетните фотографии и снимки во услови на слабо осветлување. Камерата сега има нова HyperSmooth 2.0 стабилизација на видеата, технологија за намалување на шумот, ветрот и бучавата, а може да сними и 4К видео во slow-motion.

Камерата Hero Max може да снима поостри, 5,6К видеа под агол од 360 степени. Новиот Max SuperView ултраширок мод на камерата е одличен за ситуации кога сакате да фатите што поголема сцена за фотографирање и видео, а можно е и воспоставување на пренос во живо со квалитет од 1080p.

Исто така, тука е и опција за автоматско прикачување на фотографиите и видеата на cloud сервисот. Оваа камера има шест микрофони кои ќе понудат „најдобар стерео звук на сите времиња“.

И двете камери можат да се нарачаат, а испораката на камерата Hero 8 Black која чини 399 долари започнува на 15-ти октомври, додека камерата Hero Max за која ќе биде потребно да се издвојат 499 долари ќе биде достапна на 24-ти октомври.