Величенствениот Мадрид: Градот на фламенкото и добрата храна во срцето на Шпанија

Точка

13/08/2019

16:52

1.271

Големина на фонт

а а а

Прекрасниот Мадрид нѝ носи одлични приказни. Во него се наоѓа историскиот ресторан “Casa Alberto” во кој познатиот Сервантес, автор на “Дон Кихот” ја напишал својата позната книга.

Градот е исполнет со магична историја и неопислива желба за живот. Кога ќе се најдете во овој град, задолжително пробајте домашна паелја и вермут. Рестораните се украсени со фотографии од познати личности, а големиот број згради живеат во духот на традицијата. 

Во текот на прошетката низ боемските улици во “Barrio de las Letras” можете да забележите дека патот е поплочен со врежани натписи со цитати од познати писатели.

Навечер, локалното население и туристите се собираат во најголемиот градски парк  “Casa de Campo”. Сонцето лесно се спушта и исчезнува низ разлистаните крошни.

Доколку го посетите Мадрид, задолжително мора да вечерате во ресторанот “Fismuler” во кој се служи, според мислењето на многумина, најдобрата храна во градот.

Хотелот “Petit Palace Santa Barbara” некогаш бил палата која е преуредена за сместување на туристи.

Кога ноќта ќе падне над градот, танчерите на фламенко се собираат во “Teatro Flamenco”. Мадрид навистина има што да понуди, а доколку сте биле во него, не се двоумете да нѝ го пишете вашето искуство во коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг