[ФОТО] Со една реченица ги одбил сите кои би сакале да ја заменат: Сопругата на Мохамед Салах е љубовта на неговиот живот и голема енигма

Точка

16/06/2026

21:02

1.199

Големина на фонт

а а а

Светското фудбалско првенство овие денови повторно е главна тема во светот, а меѓу екипите што ова лето сонуваат големи соништа е и египетската репрезентација, која го започна Мундијалот со реми (1:1) против Белгија.

Фудбалерите на Египет повторно ги предводеше како капитен Мохамед Салах, долгогодишниот играч на Ливерпул, кој ужива голема поддршка од навивачите од сите краишта на планетата.


Најмногу љубов и бодрење, секако, добива од своето семејство, кое популарниот „Фараон“ го основал со Маги Садек Салах, со која е во брак од 2013 година.

Парот има две ќерки: Мака (8) и Кајан (6), а со години воделе мирен и повлечен живот во Англија, која Салах би требало да ја напушти ова лето.


Која е сопругата на Мо Салах?

Сопругата на египетскиот фудбалер е биотехнолог и филантропка, а Салах ја познава уште од детството. Тие, како што раскажувал, растеле и созревале заедно, а Маги била покрај спортистот цело време за време на неговиот тежок пат од Ал Мокавлун ал Араб во Наср до мултимилионски договори и голема кариера.


Додека ги менувал клубовите, Маги го следела, па така парот живеел во Швајцарија додека Салах играл за ФК Базел, како и во Италија за време на неговите ангажмани во Фиорентина и Рома.

Се венчале во 2013 година во родниот Нагриг, а сопругата на Салах, за разлика од многу популарни сопруги на фудбалери, избира да води помирен живот и да ја чува приватноста на нивното семејство. Иако користи Инстаграм, нејзиниот профил е „заклучен“, не дава интервјуа, а времето главно го посветува на хуманитарни проекти што ги води во Египет.


Салахови, како што пишуваа египетските медиуми, во изминатите години давале дарежливи донации за болници, училишта, младински центри и медицински установи во Нагриг.

Сепак, иако се труди да не се експонира премногу, Маги често му е поддршка на Салах на трибините, а по освојувањето трофеи имавме можност да ја видиме со ќерките на теренот покрај сопругот.


Мака, инаку, го добила името по Мека, а Кајан во една прилика стана ѕвезда на социјалните мрежи кога нејзиниот татко сподели снимка на која таа го оценила со седумка и истакнала дека треба повеќе да им ја додава топката на соиграчите.

Симпатиите на манекенката Салах ги смета за „небитни работи“

Салах е познат како семеен човек, а пред неколку години неговото име се најде во таблоидите откако манекенката Аманда Харингтон рекла дека фудбалерот ѝ се допаѓа и изразила желба да го запознае.


„Во брак сум и не обрнувам внимание на такви небитни работи“, кратко изјавил спортистот кога медиумите го прашале што мисли за нејзините желби.