[ФОТО/ВИДЕО] Бакнежот што го згрози светот: Славниот актер не ги тргал рацете од својата 13 години помлада девојка

Точка

20/06/2026

17:28

828

Големина на фонт

а а а

Се чини дека премиерата на научнофантастичниот филм „Supergirl“ во Лондон била повеќе од обично дружење меѓу колеги, бидејќи Џејсон Момоа одлучил да ги поведе своите деца, но и новата девојка.

Познатиот актер на црвениот килим се појавил во друштво на децата кои ги има од бракот со Лиса Бонет, како и со 13 години помладата Адрија Архона.


Додека Џејсон за оваа пригода избрал костум што ги истакнал неговите мускули, Архона се одлучила за впечатлив црвен фустан што ја следи линијата на телото. Станува збор за структуриран макси-фустан кој ја нагласил нејзината фигура, но акцентот го ставил и на деколтето. Креацијата ја краси и отворен грб, кој на целиот стајлинг му дал заводлива нота.


Сепак, нивните модни комбинации не привлекоа толку внимание колку нивните страсни бакнежи на црвениот килим. Парот за време на фотографирањето разменувал нежности и не се срамеле да покажат колку лудо се сакаат – и тоа во присуство на децата кои Џејсон ги има од бракот со Бонет.


Сепак, судејќи според фотографиите, меѓу нив нема непријатност, бидејќи тие сега сепак се едно среќно семејство.