Најфаталната русокоса на сите времиња: “Можам да бидам паметна, но на мажите тоа не им се допаѓа”

Кармин

19/06/2019

15:22

3.044

Големина на фонт

а а а

Од раѓањето на една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња, Мерилин Монро, поминаа 93 години, а нејзиниот живот и понатаму не престанува да ја интересира јавноста.

Најпознатата русокоса во историјата е родена на 1-ви јуни 1926 година под името Норма Џин Мортенсон во Лос Анџелес. Починала на само 36 години, а нејзината изненадна смрт и краток живот и понатаму интригираат. 


Малкумина го знаат податокот дека Мерилин еден период работела во воена фабрика во која биле произведувани воени авиони. Во детството, актерката немала прилика формално да се образува, па затоа подоцна во животот станала голем љубител на книги. Во нејзината домашна библиотека се наоѓале повеќе од 400 книги, пренесува “BuzzFeed”, а помеѓу нив се наоѓало сè: од фикција до научни книги. Легендарната русокоса во некои интервјуа ги издвоила Хемингвеј и Флобер како омилени писатели.

Еднаш, режисер на сетот ја затекнал како ја чита книгата “Писмата до младиот поет” и ја прашал зошто се одлучила токму за таа книга.

“Во ноќите кога немам што да правам, одам во библиотека и ги отворам книгите додека не наидам на страница или параграф кој ми се допаѓа, а потоа ја купувам таа книга. Дали е тоа погрешно?”, го прашала таа.


Многу биографи велат дека имиџот со кој Монро го освоила светот бил најлош за неа самата бидејќи станала негов заложник.

Најголем мит кој постои за неа е дека била глупава и кревка, а другиот е дека не знаела да глуми. Била далеку од глупава, иако не била формално образована. Но, била паметна и многу силна – едноставно морала да биде и едното и другото за да го победи системот кој владеел со холивудските студија во 50-тите години.

“Била многу духовита. Глупавата русоката била само нејзина улога, таа била актерка, побогу. Толку добра актерка што денес никој не верува дека била нешто друго освен она што се претставувала на екранот”, напишала за Мерилин нејзината биографка Сара Чурчвел.


Со тој опис, некои ја поврзуваат реченицата од филмот “Мажите повеќе сакаат русокоси” во која ја толкувала улогата на Лорелај Ли.

“Можам да бидам паметна ако сакам, но на повеќето мажи не им се допаѓа тоа”, гласела една од репликите на Монро во филмот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk