Случајност или не? Том Круз се развел од секоја своја сопруга кога тие имале 33 години

Кармин

19/06/2019

09:15

5.661

Големина на фонт

а а а

Околу Том Круз секогаш се вртат најчудните приказни, а постои нешто исклучително бизарно што малкумина го знаат.

Актерот, имено, поднел барање за развод од секоја своја жена токму кога тие имале 33 години. Не се знае дали е во прашање некој вид на суеверие или проста случајност, но ваквиот податок го привлече вниманието на јавноста. 

Мими Роџерс беше во брак со Том во периодот помеѓу 1987 и 1990 година, а таа го вовела актерот во скиентологијата и го навела да посетува “советување”. Тоа значи дека “квалификувана” личност од скиентолошката црква му поставува прашања на парот и предлага методи за помирување на блиските со учењето на таа “црква”.


Подоцна на истото советување морале да се подложат и Никол Кидман и Кејти Холмс.

Никол никогаш не станала скиентолог поради што била окарактеризирана како проблематична, а се зборува дека токму тоа довело до развод на бракот кој траеше од 1990 до 2001 година.


Третата сопруга на Том, Кејти Холмс, беше со него во брак од 2006 до 2012 година, а во тој период ја добија ќерката Сури Круз.

Некои извори тврдат дека односот на скиентолошката црква кон децата бил причина за развод помеѓу актерот и Холмс. Имно, како што изјавила актерката Леа Ремини, која излегла од скиентологијата, заедницата се однесува кон децата како да се возрасни, нема никаква разлика.


“Децата за црквата се стари души во млади тела кои ѝ се вратиле на скиентологијата”, изјавила Ремини.

Тоа значи дека децата уште од мали мора да работат за црквата. Исто така, тие се приморани да кажуваат што нивните родители прават и зборуваат во домот, односно да ги шпионираат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk