Пластичната операција по која жените од регионов “полудеа“ чини 4.000 евра, а може да биде опасна по живот

Кармин

11/06/2019

13:41

2.402

Големина на фонт

а а а

Кој е синонимот за совршен задник? Секако Ким Кардашијан. Бразилскиот задник стана задолжителен кај многу жени, а на некои од нив не им е непријатно да посегнат по глутеопластика.

Напорното вежбање може да го обликува задникот до одредено ниво, но сепак природната градба има поголема улога во тоа. Токму заради тоа, жените кои не се задоволни со изгледот на нивниот задник посегнуваат по операции.

Според податоците, во последниве пет години бразилското зголемување на задникот е вистински хит во светот, но за жал овој вид операција не е нималку безопасен како што е операцијата за зголемување на градите.


Постојат три начини за зголемување на задникот: со импланти, трансфер на масти или со филери.

Доколку се одлучите за зголемување на задникот со помош на масти тоа подразбира липосукција од подрачјето на половината, а по прочистувањето и филтрирањето истата таа маст се враќа во задникот. Бразилскиот метод на зголемување на задникот користи импланти на сличен начин како кај зголемувањето на градите, па со мали резови се става силоконот. Филерите се вградуваат во поткожното ткиво, а резот е од 2 до 3 милиметри и претставува најкомфорна операција за пациентите, но и најопасна истовремено.

И додека жените “полудеа“ по вештачкото зголемување на задникот, малкумина зборуваат за потенцијалните ризици која таа може да ги предизвика во телото. Ова се само некои нуспојави кои се појавуваат по операцијата:

- обилно крварење по операцијата ;
- болка; 
- рани; 
- депигментација на кожата; 
- инфекции (вклучувајќи ја и сепсата); 
- собирање на течности или крв под задникот; 
- алергиски реакции; 
- губење на кожа; 
- мачнини и повраќање по операцијата. 


Исто така возможно е силиконите или имплантите да се поместат. Тоа може да резултира со неправилен изглед на задникот, а потоа ќе биде потребна уште една операција за сето тоа да се поправи.

Пресадувањето масти може да доведе до асиметрија на апсорпцијата на масти во телото. Таквите ефекти можат да бидат поправени, но секоја наредна операција носи и поголеми трошоци.

Тoа што не е одобрено од американската „Food and Drugs Administration“ се било каков вид на инекции за обликување на телото и зголемување на задникот. Тука спаѓаат инекции за хидрогел и силикони.

Инекциите за филер можат да предизвикаат сериозни компликации како на пример инфекции, емболија, мозочен удар па дури и смрт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk