Бидете уникатни: Еве како може да ги искористите дрвените палети

Точка

07/06/2019

17:45

2.378

Големина на фонт

а а а

Доколку често ги посетувате платформите и онлајн страниците за уредување на ентериер, веројатно сте забележале дека последниве неколку години вистински хит во уредувањето на домот е имплементирање мебел изработен од дрвени палети.

Сосема функционално, практично и ефтино решение, а неверојатно ефективно. Токму тоа е предноста на мебелот изработен од палети.

Можеби ќе се изненадите, но постојат фантастични примери на ентериери целосно уредени со мебел од палети. Многу често тоа се креативни канцеларии или пак угостителски објекти.


Палетите денес стануваат сè попопуларни. Голем дел од луѓето наместо скап мебел, купуваат палети и целиот дом го уредуваат со нив. Од столчиња за седење, масички, кревети, украси, до помали предмети кои наликуваат на саксии - палетите може да ги употребите речиси за сè!

Уште една предност на палетите е тоа што се лесно достапни, со поволна цена, и се разбира, потоа можете сами да ги избоите во нијансите кои преовладуваат во вашиот дом.


Тие лесно може да се најдат во индустриските зони на градовите, а најчесто се изработени од даб, јавор или бор што ги прави солидно издржливи.

Имате целосна слобода со нив да правите што и да посакате. Ќе внесете свежина, пријатна промена и топлина во вашиот дом, поради што нема да сакате да излезете од него.

Што ви е потребно?

- Да изберете соодветна дрвена палета во однос на големината и бојата доколку сакате да биде во нејзиниот оригинален изглед;
- потоа да изберете боја по ваш избор за да добиете покреативен изглед на мебелот;
- алат кој ќе ви помогне да ги прикачите палетите една за друга со цел да добиете постабилна структура; 
- неколку перници во различна големина и боја за да го направите вашето седење поудобно. 


Летото веќе е на прагот, а промена на вашиот дом секогаш му е добредојдена. Не плашете се да направите нешто што не ви е многу познато, за кое претходно сте гледале само на телевизија или на интернет, туку дозволете овие прекрасни ремек дела да станат дел од вашиот дом, балкон или градина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk