Родена е како момче, а денес е толку убава што се појавила на насловната страна на списанието „Elle“

Кармин

15/05/2019

11:27

2.568

Големина на фонт

а а а

Индија Мур е првата трансродова личност која се појавила на насловната страна на списанието „Elle“. Оваа 24 годишна актерка и модел која глуми во серијата „Pose“ за фотографирањето носела креација од модната куќа Луј Витон.

Нејзиното појавување на насловна страна на списанието претставува голем чекор напред во модата, бидејќи Индија е првата трансродова личност што се појавила во американското издание на ова списание.  

Промовирањето и прифаќањето на трансродовите луѓе отсекогаш била нејзината мисија и на тоа работела низ целата своја кариера.


На само 14 години, Индија го напуштила својот дом заради своите родители и нивните трансфобии. На 15 години започнала да се занимава со моделство.


Иако била ризичен избор за модните куќи, сепак Диор и Гучи кај неа го препознале потенцијалот што го носи со себе.

Индија се појавила и во спотот на пејачката Кети Пери за песната „Swish Swish“.

Индија е родена како момче, но според нејзините зборови таа целиот свој живот знаела дека е далеку од момче.

Наспроти тешкото детство во згрижувачкото семејство и постојаното задевање од своите врсници таа сепак се изборила да биде онаква каква што отсекогаш се чувствувала дека е.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk