Фановите го „исплукаа“ аутфитот на Клои Кардашијан на Коачела: „Немаш ни грам стил!“

Кармин

23/04/2019

14:07

4.326

Големина на фонт

а а а

Сестрите Кардашијан-Џенер овој викенд се собраа на Коачела, каде сопругот на Ким Кардашијан, раперот и дизајнер, Каније Вест, одржа голема прослава за Велигден.

Сестрите за таа пригода модно се усогласиле во едноставни, но и тренди свилени фустани со кои тешко е да се направи моден „гаф“, но изгледа дека тоа не е и невозможно.

Имено, на Клои Кардашијан тоа сепак ѝ тргнало од рака, бидејќи елегантниот фустан го искомбинирала со робусни, кафени Тимберланд чизми, поради што е мета на критики на социјалните мрежи.

##https://twitter.com/glossiefilm/status/1120320726454632455##

##https://twitter.com/queen_biird/status/1120340805216956416##

„Клои Кардашијан нема ни грам стил!“, „Кога ќе се чувствувате лошо, сетете се дека Клои носеше Тимберланд чизми со свилен фустан“, „Не можам да верувам дека Клои на Коачела носеше Тимберланд чизми, а уште помалку дека ги искомбинирала со овој фустан“, се само некои од модните критики кои Клои ги доби на сметка на својот промашен стајлинг.

Но, иако е позната по одличната комуникација со обожавателите, Клои овој пат ги изигнорира сите и му одговори само на еден Твитер корисник, кој го пофалил нејзиниот изглед.

„Беше прекрасна во неделата. Се прашувам како некој може да биде толку убав“, пишува во твитот кој Клои го сподели на својот профил и се заблагодари за убавите зборови. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk