Седум знаци кои откриваат дека растете мал генијалец

Кармин

16/04/2019

11:21

3.792

Големина на фонт

а а а

Децата генијалци отскокнуваат од стандардот на кој се навикнати луѓето, а Менса објавила некои карактеристики кои кај децата можат да значат натпросечна интелигенција.

1. Рано читање

Децата во просек учат да читаат во шестата година од животот. Надарените деца ги интересираат книги уште од порана возраст, па така и порано почнуваат да читаат - на возраст од четири години. Читањето често започнува со сликовници за животни, но во некој момент тие почнуваат да ги препознаваат зборовите без некој да ги учи. Таквите деца во просек имаат повисок коефициент на интелигенција.


2. Исклучително помнење

Дали ви се случило детето да ви раскажува некој настан што се случил пред неколку недели или месеци? Тоа е показател на исклучително помнење и висока интелигенција.

3. Љубопитност

Љубопитноста е тесно поврзана со коефициентот на интелигенција. Ако вашето дете поставува многу прашања и потпрашања и активно го истражува светот околу себе, тоа исто така е еден од показателите дека детето има висок коефициент на интелигенција.

4. Обожува да зборува, особено со возрасни

Понекогаш се чувствувате како покрај себе да имате вклучено радио, а не дете? Ако вашето дете сака да зборува, многу прашува и активно учествува во „разговорите со возрасните“, тоа покажува љубопитност, зрелост и висок коефициент на интелигенција. Натпросечно интелигентните деца од раните денови знаат да ги искажат своите мисли и чувства. Ви изгледа како штотуку да прозбореле, а веќе од нив изглегуваат сложени реченици.


5. Хумор

Детето во разговор се обидува да ве насмее? Постојано смислува нови шеги и бара начин да ви го покаже својот хумор? Ова е уште еден знак на интелигентно дете, пренесува страницата „Mensа“.

6. Музикалност

Децата кои покажуваат интерес кон музика, пеење или особено се насочени кон некој инструмент, обично се поинтелигентни од своите врсници.


7. Изразено високи стандарди

Децата генијалци имаат тенденција да си поставуваат високи стандарди за сè што прават. На пример, ако сакаат да научат нешто ново, нема да застанат додека тоа не го научат до детали, ако цртаат - секој потег со боицата мора да биде со ист притисок, во рамки на линијата, најдобро што може да се направи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk