Уште едно неверство во кланот Кардашијан-Џенер: Тристан повторно ја изневерил Клои, овој пат со пријателка на Кајли

Кармин

20/02/2019

12:45

3.204

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува TMZ, Клои Кардашијан ја прекинала врската со таткото на нејзината ќерка Тру, поради неговото повторно неверство.

Овој пат прекинувањето најверојатно е конечно, бидејќи во приказната е замешана и најдобрата другарка на Кајли Џенер, Џордин Вудс.

Инстаграм страницата „Hollywood Unlocked“ објавила видео во кое пренесуваат дека еден од нивните репортери бил на забава во куќата на Тристан Томпсон и сведочел на неговото флертување со Џордин, која од забавата си заминала во 7 наутро.

Објавата ја искоментирала и самата Клои, но и нејзините најдобри пријателки Малика Хак и Ларса Пипен, кои потврдиле дека сето тоа е вистина.

Што се однесува до Кајли, таа сè уште е во големо неверување, но, како што пренесува Cosmopolitan, исто така планира да го прекине пријателството со Џордин, што за неа е прилично тежок чекор, со оглед на тоа дека моментално живеат заедно.


Инаку, никој од семејството Кардашијан - Џенер сè уште не престанал да ги следи Тристан и Џордин на социјалните мрежи. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk