Ким Кардашијан проговори за четвртото дете: "Малку е стресно"

Кармин

08/02/2019

12:47

3.672

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Каније Вест се подготвуваат за четврто дете во семејството и таа во емисијата на Џими Фелон говори за своето семејство и нејзиниот став за сурогат мајка.

"Малку е стресно. Куќата е секогаш полна, но слушнав дека родителите кои имаат четири деца обично се најмирни родители. Почувствував голема промена во животот кога добив прво па после и второ дете. Беше навистина тешко кога добив и трето дете", рекла Ким. 


Иако ќе биде зафатена со четвртото дете, Ким откри дека е задоволна што Сејнт и Норт конечно се согласуваат.

"Норт не беше добра кон Сејнт. Таа мора да биде потопла и подобра, но сметам дека полека доаѓаме до тоа место. Не го повредува, ниту се однесува погрдно кон него, само не сака момчиња во нејзината соба", рекла Ким.


Нивното четврто дете е машко, а терминот за породување е закажан за некој месец. Ким смета дека четвртото бебе ќе го дополни семејството. Во интервјуто со Џими открила дека некогаш се чувствува како да има две деца, а Каније само едно, бидејќи тој сè уште е многу отворен и го живее животот со полн здив, додека таа е многу помирна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk