Платонско родителство: Не се познаваат, не се сакаат, но одлучиле заедно да имаат семејство

Кармин

17/01/2019

11:26

1.847

Големина на фонт

а а а

Медицинскиот брат Чарли Борн (43) од Филаделфија со својот сопруг во 2014 година започнале сериозно да размислуваат за деца. Првата опција им била посвојување. Сепак, откако Чарли слушнал за "платонско родителство", тој одлучил да направи профил на Интернет страницата која ги поврзува луѓето кои сакаат да имаат семејство.

"Еден ден добив мејл од веб сајтот и реков: "Ох, океј таа живее во Филаделфија. И тогаш започна сѐ", пиши Чарли Борн, ко-родител со Ниша Најак со која стапи во контакт во 2015 година. 

"Кога барав ко-родител сакав да имам некој кој ќе ми помогне финансиски, но не би се грижела и да не сака. Некој со кој би делела старателство, но тоа да не го сака би била океј и со тоа. Но, она што моите деца го добија е уште еден родител кој ги сака", вели Ниша.

Таа и Чарли станале горди ко-родители на двегодишните близнаци Ела и Вона.


"Предизвикот е што не ја познавате личноста. Знаете на што мислам? Мора да имате голема доверба и мислам дека и двајцата се чувствуваме позитивно во врска со еден со друг".

Платонското родителство се случува кога две лица не се романтично поврзани и одлучуваат заедно да воспитуваат и пораснат дете. Тие се обиделе на други начини, но на крајот се одлучиле за вештачко оплодување.

"Се договоривме времето да го поделиме на половина, па така секој од нас да се грижи за близнаците по три дена, а седмиот ден сум јас со нив навечер, додека тој за време на денот", објаснува Ниша.


Чарли исто така има сопруг кој му помогнува во грижата за близнаците, Лин, кој се пензионирал во време кога Ниша се породила.

"Чарли и јас сме венчани, така што јас им сум очув. Обично се грижам за нив до вечер, бидејќи Чарли и Ниша работат. Никогаш претходно не почувствував потреба да имам деца, но ова ми ги промени приоритетите во животот. Многу сум заштитнички настроен и чувствувам големо задоволство како никогаш претходно", вели Лин.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk