Илјадници жени ја споделуваат оваа фотографија од негативен тест за бременост, а причината за тоа е срцепарателна

Кармин

15/11/2018

14:47

8.841

Големина на фонт

а а а

Една фотографија од негативен тест за бременост стана вирален хит, а каков вртлог од емоции може да предизвика тој кај жените, открила Меган Лин Фереро.

Својата објава, таа ја започнала со објаснување дека постојано се зборува за позитивните тестови за бременост, а ретко кога може да се чуе или прочита нешто за негативните. Имено, на Фереро тоа ѝ се случило неколку пати, и по несаканиот резултат таа признала дека неколку пати проверува дали ќе се појави втората линија која ќе ѝ открие дека сепак е бремена. 

"Ако сте како мене, можеби дури и по неколку дена го вадите тестот од кантата за отпадоци за да се уверите дека во меѓувреме резултатот не се променил", напишала таа.

Жените како Меган толку многу ја чекаат бременоста што дури, како што вели таа, го фотографираат тестот со блиц и ја уредуваат фотографијата во Фотошоп за да проверат дали сепак се наѕира уште една линија.

"Ретко зборуваме за тоа пред да направиме тест за бременост, во своите глави ги броиме месеците и пресметуваме кога би се родило нашето бебе, како и за начинот на кој ќе ја објавиме бременоста", додала таа.

Секој месец Меган се надева, а времето ѝ поминува во исчекување.

"Велат дека уште помала е веројатноста дека бременоста ќе се случи ако сме под стрес, па затоа се преправаме дека не сме. Но, не е лесно да не паничите бидејќи месеците проаѓаат, а вие не можете да му подарите брат или сестра на вашето дете и сонот за малата разлика во годините помеѓу децата станува нереална".

Поради сето тоа, Фереро вели дека е тешко да си помогне да не чувствува љубомора кон жените кои радосно ја објавуваат својата бременост.

"Не зборуваме за тоа колку лошо се чувствуваме поради себе и колку сме љубоморни кога некој друг ќе објави бременост. Како воопшто можеш да бидеш среќен поради некој друг кога во истовреме му завидуваш?", се запрашала таа.

Нејзината објава е споделена повеќе од 64 илјади пати, а многу мајки напишале дека во целост ја разбираат.

"Секој пат кога резултатот не беше позитивен, ми се кршеше срцето", напишала една мајка.

"Девет години се борев со неплодноста, а сега имам четири деца, но знам колку солзи беа потрошени поради секој негативен тест кој сум го направила додека не останав бремена за прв пат", се надоврзала друга.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk