Стилистот на Меган Маркл ги открил триковите кои ги користела за да ја сокрие бременоста

Кармин

15/10/2018

16:00

5.033

Големина на фонт

а а а

Војводата и војвотката од Сасекс денес објавиле дека ќе станат родители.

Новото кралско бебе се очекува да „пристигне“ напролет, во 2019-та година, а се претпоставува дека Меган е бремена веќе 12 недели, што би значело дека нејзиниот стомак веќе треба да се познава.

Но, иако со недели се претпоставуваше дека е бремена, Меган тоа успешно го криела со помош на разни стилски трикови, кои сега за „Daily Mail“ ги открил нејзиниот стилист, Лукас Армитаж. Да почнеме од нејзиното последно издание.

Последното појавување на Меган во јавноста, беше на венчавката на принцезата Јуџин, во петокот, каде се појавила во моден капут од Живанши, кој не го соблекла во текот на целата церемонија. Иако тоа поттикнало нови гласини за нејзината бременост, капутот во А-крој, кој го закопчала само на врвт, ја покрил нејзината силуета, а со самото тоа и растечкото стомаче.


„Луѓето се навикнаа да ја гледаат Меган во облека која е прилепена за нејзината фигура, па затоа беше очекувано да се слушнат гласини за широките парчиња облека кои ги носи во последно време. Но, со оглед на тоа дека Меган отсекогаш е обожавателка на капути со миди должини, игравме најсигурно што можевме“, раскажал стилистот.

А токму миди капутите ја одиграле главната улога во сокривање на трудничкото стомаче, во текот на последните неколку недели. За време на посетата на Сасекс, Меган носела ризична комбинација од кожно здолниште, додека белиот широк капут го одвлекол вниманието од нејзиното трудничко стомаче.


Истиот трик го искористила и на претставувањето на својата хуманитарна книга, ред Кенсингтонската палата, додека трудничкиот стомак не ѝ се познавал. Но, тогаш намерно облекла предимензиониран капут, за во јавноста да остави впечаток дека намерно ги одбира поради трендовите, а не поради сокривање на бременоста, открил Армитаж.


Во меѓу време, на Универзитетот Лауборо, во истоимениот град, се појавила во асиметрична блуза, од модната куќа „Oscar de la Renta“, со разиграни додатоци преку кои тактички ставила ремен високо на струкот.


Само еден ден потоа, на отворањето на изложбата „Oceania“, на Кралската уметничка академија, носела широка црна тоалета од Живанши, на која исто така го искористила трикот со ременот.

Но, со оглед на тоа дека бременоста денес официјално ја потврдија, Меган повеќе не мора да го крие стомачето, па сега може да се радуваме на нејзините весели стајлинзи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk