Мишел Фајфер е една од ретките холивудски убавици која се негува без „боцкање“, а во продолжение нејзината рутина за нега на кожа чекор по чекор.
Познатата актерка го прослави својот 67-ми роденден пред неколку месеци, а кога ќе ги погледнете нејзините фотографии, лесно би можеле да помислите дека се направени во нејзините триесетти или четириесетти години. И не претеруваме!
Актерката активно користи Инстаграм, каде што неодамна сподели фотографија на која позира без шминка, а нејзиното лице изгледа совршено затегнато.
Ѕвездата од „Scarface“ често ја покажува својата природна убавина, па понекогаш можеме да видиме и брчки на нејзиното лице, но таа секако изгледа неверојатно кога ќе се земе предвид колку години има. Покрај тоа Фајфер тврди дека не користи ботокс или филери, па така нејзиниот изглед е уште поимпресивен!
Таа претходно зборуваше за тоа како се негува, а сега ја имаме и нејзината рутина за нега на кожа, чекор по чекор, па доколку сакате да изгледате како Мишел во седмата деценија, вреди да се обидете.
1. Чистење на лицето. Мишел Фајфер повеќе од една деценија користи средство за чистење на лице, а кое содржи антиоксиданти, калинка и витамин Е и е погодно за сите типови кожа.
2. Хидратантен крем. По чистењето, актерката преминува на хидратантен крем кој не содржи сулфати и парфеми, а е исто така богат со антиоксиданти и ја освежува сувата кожа.
3. Богат крем против стареење. Мишел Фајфер со години е лојална на кремот за лице кој содржи колаген и хијалуронска киселина, состојки познати по ефикасното справување со брчките. Како што истакнала, најважно е да се фокусирате на областите на лицето каде што имате најмногу линии.
4. Хидратантен коректор. Познатата актерка не користи многу шминка дури ни на црвениот килим и секогаш се обидува да ја избегне доколку може. Ако мора да се нашминка, секогаш претходно нанесува коректор кој има хидратантен ефект и масни киселини.
5. Лосион за тело. Фајфер посветува исто внимание на негата на телото колку и на лицето, а во 2019 година ја лансираше својата линија лосиони и парфеми наречена „Henry Rose“. Нејзин омилен е лосионот за тело со мирис на роза, дрво и розов пипер, кој содржи ши путер и неколку витамини.